СДСМ да објасни како 33 милиони евра народни пари од олигархот Заев до олигархот Андреја Јосифовски е интерес на граѓаните.
Заев да објасни зошто шверцерски бутка закон со маратонски расправи и дали зад тоа се крие интересот да се врзе телевизијата која е во сопственост на Макпетрол?!
Заев да каже дали интерес на државата е со 33 милиони да се купат вакцини и амбулантни возила или да се полни џебот на олигархијата?!
Заев да каже и каква врска има Законот за МВР кој СДСМ го посочува со 33 милиони евра кеш за Макпетрол со кој треба целосно да се купи Телма?!
Заев знае дека се што прави е незаконски и дека ќе одговара за стореното, па со помисла да избегне кривична одговорност ги впушта пратениците од СДСМ во неговите матни пазари, затоа прави преседан и решава спор со закон.
Заев мора да знае дека за секоја незаконитост ќе дојде време и за одговорност.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ