Лажна е загриженоста на Заев, да се грижеше за здравјето на граѓаните немаше да организира корона избори и прослави во кафеани кои работат само за власта.

Зоран Заев не се грижи за здравјето на луѓето, да се грижеше немаше расипнички да фрла народни пари, туку ќе набавеше амбуланти возила, ќе обезбедеше болнички капацитети, лекови за населението, ќе се грижеше за здравјето воопшто.

Заев не е способен да обезбеди вакцини, откако се пофали нема одговор кога и колку ќе дојдат.

Секаде во светот почнува вакцинацијата, само во Македонија вакцини нема.

Не поминуваат оправдувањата дека сме мала земја, Заев бил должен да почне преговори веднаш и да ги стави сите државни ресурси на располагање со цел добивање на вакцината навремено.

Доцнењето на вакцината може да не чини неколку стотина животи, кои можеби ќе се спасат до колку дојде вакцината на време.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ