Парите на тутунарите одат за Макпетрол, олигархот Заев ги извиси тутунарите.

Зоран Заев се уште нема решение за ниската цена на тутунот поради која е загрозена егзистенцијата на илјадници семејства.

Една недела откако вети дека ќе се реши проблемот, проблемот не е решен.

Откупната цена на килограм тутун е колку една кутија цигари. Не се исплати ниту трудот и трошоците за производство, тутунарите се во минус, а егзистенцијата им е загрозена.

ВМРО-ДПМНЕ предложи, власта да престане да игнорира и да изврши зголемување на субвенцијата за килограм предаден тутун за 100 проценти.

Тутунарите не смее да бидат оставени на цедило. Голготата низ која поминуваат е резултат на бизнис интересот на Заеви поради кои се дозволи увоз на тутун во Македонија и падна цената на тутунот.

Тутунарите не смеат да бидат жртва на бизнис интересот на Заеви и токму затоа бараме веднаш да се пристапи кон помош.

Зорам Заев и власта треба да бидат свесни дека за ова и за сите други неправди кои им ги имаат причимато на земјоделците, но и на граѓаните воопшто ќе одговараат.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ