По силниот земјотрес кој попладнево се случи во Загреб со јачина од 6,3 степени според рихтер, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати телеграма со сочуство во амбасадорката на Хрватска во Република Македонија, Нивес Тигањ.
До Н.Е. Нивес Тигањ. Амбасадор на Република Хрватска
Ваша Екселенцијо,
Со големо жалење и тага ги примив потресните вести за катастрофата предизвикана од големиот земјотрес кој се случи во Загреб. Нашиот народ стои рамо до рамо со хрватскиот народ и воедно ја истакнуваме нашата безусловна поддршка.
За македонскиот народ и Македонија ваквите природни катастрофи од овој обем не се непознати и токму поради тоа сме спремни да помогнеме на секаков начин, како партија ВМРО-ДПМНЕ, но пред се како луѓе.
Во овие тешки моменти за вашата земја, уште еднаш би сакал да изразам најдлабоко сочувство со хрватскиот народ и посакувам што побрзо опоравување на повредените и надминување на последиците од разорниот земјотрес.
Со Почит, Проф. д-р Христијан Мицкоски