На денешната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во пратенички прашања во Владата ги праша владините претставници и премиерот Зоран Заев, каде се парите на граѓаните, односно каде отидоа 1 милијарда и 600 милиони евра, а не се трошат пари за здравство, инфраструктура, а нема ни капитални инвестиции.
Пред неколку денови се усвои Буџетот за 2021, во кој буџет предвидената дупка е некаде околу 600-тини милиони евра по услов да остане таа проекција, за што се сомневам и мислам дека за жал ќе биде повисока, ако ја додадеме дупката од 1 милијарда евра во тековната 2020 година, вкупно за 2020-2021 година имаме дупка од 1 милијарда и 600 милиони евра што е најголемата кумулативна во два буџети во историјата на независна Македонија, вели Николоски.
Николоски посочи дека иако имаше најави од страна на власта дека парите од буџетот ќе се трошат за здравствена заштита, вели дека Буџетот за здравството е зголемен само за 59 милиони евра и толку е планирано во 2021 година на исто ниво како во 2020 година, кумулативно за двете години ќе се потрошат за здравство само дополнителни 118 милиони евра, а вкупната дупка во буџетот е 1 милијарда и 600 милиони евра.
Во услови кога нема посериозни инвестиции, нема изградба на автопати, изградба на железничка пруга или други зафати,а гледаме зголемување на ставката стоки и услуги која споредбено со 2019 година е зголемена за 83 милиони евра и е на ниво оваа година од 347 милиони евра, во услови кога нема болнички кревети, како и во услови кога граѓаните земаат кредити за да се лечат на приватни болници затоа пто нема услови во државните болниците, недоволно се трошат средства во здравството, а гледаме дека не се трошат пари ниту во инфраструктура, прашањето кое ми го поставуваат граѓаните е каде се парите ? – праша Николоски.
Николоски ги праша претставниците на власта каде отидоа 1 милијарда и 600 милиони евра во 2020 и 2021 а недоволно отишле во здравство, не ги гледаме во инфраструктура, а нема ни капитални инвестиции, каде се парите на граѓаните? – праша Николоски од собраниската говорница.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ