Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес подели новогодишни пакетчиња на дечиња во Скопје.
- Во претпоследниот ден од годината посетив десетина семејства во скопските општини Ѓорче Петров, Чаир, Гази Баба и Аеродром. Насмевките на дечињата се бесценети. Барем за миг малку повеќе среќа за сите. Скромно, но со искрено срце за малите по возраст, но големи во душа херои, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.