Во вечерашната емисија на Алфа Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што кажа дека роден е во Центар растел во Аеродром а средно завршил во „Никола Карев“.

Роден сум во скопската населба Центар, Булеварот Маркс и Енгелс тоа е веднаш карши поштата, градски ѕид се вика популарно наречен по скопски тука започнуваме во овој стан потоа моите родители одлучуваат да се преселат и одиме се преселуваме во Скопската населба Аеродром оние црвени три згради 17 катницата 10 спрат стан број 33 близу училиштето „Едвард Кардељ“.

Тука учам до трето одделение веќе во четврто одделение ме запишуваат тука во „Лазо Трповски“ во скопската населба Карпош 3 општина Карпош бидејќи од Аеродром практично моите родители го продаваат тој стан и одлучуваат да купат стан во скопската населба Карпош три, тогаш се градеше оној трговски центар карпош три и практично станбениот блок и бидејќи прашање на месеци беше кога ние ќе се преселиме од таму тие ме запишаа во тоа училиште. Се сеќавам автобусот сабајле 15 ка до рекорд од рекорд 8 и стигнувавме до „Лазо Трповски“. Убави времиња беа навистина беше симпатично. Средно во истата населба само во Природно математичката гимназија тогаш „Никола Карев“ тоа беше исто така една прекрасна генерација преубава генерација на супер успешни луѓе во моментот која што навистина се дружеше и навистина имаше едни прекрасни моменти“ истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека сака спорт и два-трипати во неделата е на водно, два-трипати во теретана, а навива за кошаркарскиот клуб Работнички.

„Два до трипати неделно сум на Водно, а два до трипати сум во теретана и еден ден правам пауза. Да, ја сум сериозно ‘исфрустриран пропаднат’ спортист.. Се шегувам, бев ‘сериозен’ баскетџија во маало, дури и имав и обиди да тренирам во Работнички, кај сега веќе покојниот тренер Цефка. И во еден второлигашки, локален, маалски клуб така се организиравме ние баскетџиите па игравме, бидејќи немаше кој да игра во тој клуб. Меѓу нив интересно е играше со нас заедно, постар беше од нас, повозрасен Томи Стефановски нашиот маратонски пливач ние Флегма го викавме на прекар, тој беше исклучително добар баскетџија во маало. Многу сакав кошарка во тоа време растевме со Тони Кукоч ми беше тој идол. Потоа дојде НБА лигата. Сепак, Работнички е клубот за кој навивам“, рече Мицкоски зборувајќи за неговата приврзаност кон спортот.