Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот фејсбук профил објави дека убавото време во Новата година го искористил за планинарање а една од рутите на која тој бил е и местото каде што бил убиен Даме Груев.
- Сабота, претпладневно искачување на Петлец, Малешевски Планини. Во 1906 година на ова место згаснува животот на еден од основачите на организацијата Дамјан Груев, идеолог, борец, револуционер, организатор на борбата за слобода на Македонија. Неговата борба е наш долг, за кого, ако не за Македонија, напиша Мицкоски.
Во меѓувреме пак, Министерот за здравство Венко Филипче објави селфи со премиерот Зоран Заев и истакна дека викендот го искористиле да одат на Беласица, но не да планинарат туку да возат четрицикли заедно со нивните синови.