Половина милион граѓани живеат со 130 денари на ден. Секој четврти Македонец е на раб на сиромаштија, а Заев и Филипче возат мотори од 30 илјади евра.

Владата не може да набави вакцини. Секаде во регионот се врши вакцинација, само кај нас Филипче уште крие колку вакцини земал и кога ќе стигнат. Дали од срам или од незнаење ќе видиме наскоро!

Власта се луксузира, а во болниците мртви пациенти лежат до луѓе кои примаат терапија. Народот буквално умира, а Заев и Филипче се забавуваат во ек на пандемија. Без маски, без дистанца.

Заев и Филипче сами ги кршат мерките кок ги носат.

Заев и Филипче само ја тонат Македонија.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ