Жестока реакција на социјалните мрежи упати портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на неговиот колега од спротивниот табор Костадин Костадинов по неговиот твитер статус за „мрчењето“ на Вмровците.

Откако во јавноста се потврди информацијата дека не работеле хидрантите во ТЦ Глобал и дека трговскиот центар е без соодветен противпожарен систем, на твитер тој напиша: До мрчаторите од ДПМНЕ околу тоа дали имало противпожарен систем во ТЦ Глобал. Прво, не може да се добие дозвола за градба, уште помалку употребна дозвола за објект ако не се запазени сите фази, вклучително и противпожарен систем. Терајте само така, до дното!

На ова, Стоилковски го потсети Костадинов дека кога ТЦ Глобал се градел тој бил детуле“.

- Костадин Костадинов, заевото "длабоко грло", случајно го прескокнува фактот дека Глобал е ДИВОГРАДБА за која што неговото божество е АМНЕСТИРАН за криминал!

Оттука:

1) За Глобал немаше дозвола за градба;

2) Уште помалку употребна дозвола.

Така што, дали сите фази се запазени нека ги праша:

1) Зоран Заев како првообвинет за Глобал

2) Тогашниот главен архитект Стојан Динев, заради чија што сомнителна работа и била отворена истрага за Глобал.

Оттука, наместо да мрчи, да си ги провери фактите кај газда си! И оние од кои е украдена земјата за градење.

Должиш извинување, детуле.

И ти и оние 55-мина од фармите за лајкови 🙂, му реплицираше Костадинов.