Пописот го одложија Германија, Ирска и Шкотска поради КОВИД, само Заев турка фалсификат попис Срамота е да се лаже и да се краде, како што го прави тоа Заев со години. Во својот следен обид за лажирање на операцијата која сега власта ја нарекува статистичка, и која благодарение на неговите политички злоупотреби ќе стане фалсификувана операција.
Пописот го одложија Германија, Ирска и Шкотска поради КОВИД, само Заев турка фалсификат попис. Дали Заев сака да каже дека државата е поспремна да организира попис од една Германија, Ирска и Шкотска? Од небото се гледа дека целта на Заев не му е статистичка операција, туку фалсификат.
Заев повторно по навика се обидува да ја излаже македонската јавност дека законски ќе се спроведува пописот. Тој со своите експериментални политики кои ги спроведува на државно ниво, ја направи Македонија еден голем експеримент, во кој тој деспотски се однесува, со не прифаќањето на консензус од страна на сите политички чинители во земјава, со одбивање на сите амандамни и со форсирање на свои правила.
Политичкиот фалсификат е на повидок со овој попис, со кој власта форсира повторно своевиден инженеринг и затоа одбива методологијата за пописот да ја видат сите граѓани, како и истата да биде точно објаснета во законот за попис.
Нејасно е зошто власта одбива пописот да биде извршен според европските стандарди, нејасно е и зошто Заев инсистира да се попишува нерезидентно население.
Отисокот од прст е единствениот сигурен начин кој ќе гарантира дека власта нема да го фалсификува пописот.
Повикуваме власта да е разумна и да не си игра со бројките на население, затоа што истите се од суштинско значење за идниот развој на земјава.