Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил реагира на денешната прес-конференција на премиерот Зоран Заев во која истакна дека економијата во Македонија е на здрави нозе а власта успешно ја менаџира и овозможува добар живот за граѓаните.
- Заев, без срам, говореше како македонската економија е жива и стабилна, а во реалноста државата се наоѓа во рецесија.
Да, целиот свет чувствува последици од Корона пандемијата, но само Македонија ги чувствува последиците од СДСМ пандемијата која опустошува уште од 2017-та година.
Двете слики покажуваат како капиталните инвестиции опаѓаат додека задолжувањето на државата расте, па се поставува прашањето: „Каде се парите?“, коментира Мицкоски.