Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот фејсбук ги повика граѓаните кои вчера МВР ги приведе поради бадникарски оган во селото Орман. Тој преку својот фејсбук профил им понуди бесплатна правна помош на овие граѓани.
- Приведувањeто на луѓе поради бадников оган е покажување на сила и мускули спрема обичен народ, во ситуација кога вистински криминалци остануваат неказнети. На овие луѓе им го одземаат правото кое со Устав им е загарантирано. Тоа не е трофеј за фалење, туку срам за оваа Влада, Спасовски и Заев, како и доказ дека се одлепени од реалноста.
ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање да понуди правна помош на сите кои се мета на насилието на власта. Решението е смена на власта, за крај на срамот, насилието и двојните аршини.
П.С. Да потсетам, додека палачите на бадниковиот оган се приведени, сѐ уште нема одговор каде завршија парите од рекетот. И кога казна за функционерите на власта кои славеа без маски во државно министерство?, напиша Мицкоски.