Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на литургијата по повод Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По завршувањето на литургија тој го честиташе Божик, но исто така посака на сите граѓани годинава да им биде поуспешна и да биде година на обединување.
„Ја користам оваа прилика најпрвин да ги честитам Новогодишните но и Божиќните празници на православните христијани, да посакам здравје и среќа за семејствата на нашите сограѓани без разлика на нивната верска припадност.
Оваа година да ни биде поуспешна, оваа година да биде година на обединување, година кога како што кажа и во честитката од македонската православна црква кога доброто ќе го победи злото, година кога ќе се радуваме наместо да тагуваме, година во која што очекувам да биде победничка како што тоа го кажа и би рекол поглаварот на македонската православна црква. Година кога ќе почнеме повторно да се почитуваме едни со други, година во која што ќе излеземе од сите оние проблеми кои што ни се случуваа изминатата 2020, тука пред се мислам на пандемијата и ефектите од пандемијата врз сите други области во државата. Така што еве уште еднаш дозволете ми од мое име да им го честитам празникот Христовото раѓање на православните христијани тие кој што го прославуваат денеска, оние кои што им е именден да им посакам да им е вечно името и се разбира на сите наши сограѓани да им посакам здравје и среќа за нив и за нивните семејства.
Новинарско прашање:Кај кого се падна паричето?
Одговор на новинарско прашање:Бидејќи ние секоја година традиционално тоа го правиме во домот на моите родители, оваа година паричето падна кај мајка ми.“ - стои во соопштението.