Владата на СДСМ без никаков срам се фали за развој и унапредување на инфраструктурата кога од граѓаните не видоа ништо од тоа.
Без никаков срам се фалат за капитални инвестиции кога пред само неколку дена една од водечките компании во градежништвото во Македонија најави дека својата дејност ќе ја пресели во соседните земји, оценувајќи ја ситуацијата кај нас како неповолна за вложување.
Власта во 2020 година се задолжи една милијарда и 600 милиони евра, што тоа е историски највисоко задолжување во независноста на Македонија. А, за 2021 година проектира некаде околу 568 милиони евра задолжување, што се заедно за две години е милијарда и 600 милиони евра колку што сите влади претходно заедно не се задолжиле во независна Македонија.
Република Македонија неколку години наназад е земја без просперитет и перспектива и сето тоа е поради неспособноста на СДСМ и Заев. Граѓаните секојдневно остануваат без работа, младите бараат излез и спас во земјите низ Европа и светот, но за Зоран Заев тоа е само показател дека Македонија блеска.
Падот на економијата е еден од најголемите во Европа, над 50 илјади лица останаа без работа, а половина милион граѓани живеат само со 130 денари на ден.
Заев наместо да дели лекции по економија треба веднаш да си поднесе оставка, бидејќи тоа е единствениот излез на Македонија за подобра иднина и економија.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ