Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео на кое може да се видат изјавите на Премиерот Зоран Заев за тоа каква економска година ја очекува Македонија дадени на почеток на 2018 година, 2019 година како и 2020 година.

- Ако ова е година на квантен економски скок за Заев, тогаш сигурно е година на сиромаштија на граѓаните. Тоа е искуството кое го имаме секоја година со овој систем на власт.

Потребно е пораз на системот, комплетно рестартирање на секое поле за да застане државата на здрави нозе. И се разбира, одговорност за сите кои се огрешиле спрема законите, истакна Мицкоски.