Пред три месеци во телевизиско интервју кажав дека постои Анекс на Договорот со Бугарија и бев брутално нападнат од партиско-медиумската машинерија на власта дека ширам лажни вести, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбул профил откако Каракачанов објави дека на Македонија и е понуден Анекс на Договорот со 12 точки.

- Пред три месеци, во "Само интервју" на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија. Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини.

Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет.

Оттука, имам две прашања: првото, ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста? #сеближикрајот #одговорностморадаима, коментира Мицкоски.