Oд она коешто е јасно а кое што македонската јавност може да го види е фактот дека се распродава македонскиот идентитет и ние тоа го зборуваме уште во октомври месец дека на маса се услови кои што немаат никаква врска со претходно потпишаниот договор за пријателство. Затоа што тоа се услови директно кои што претставуваат негирање на македонскиот идентитет, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во однос на преговорите помеѓу Република Македонија и Бугарија.

- Од октомври месец кога прв пат на македонската јавност и соопштивме дека практично се преговара за нешто што не е дел од договорот па до денес, цело време сето тоа кое што го тврдевме беше негирано од страна на владата од Османи од Заев од Димитров и од останатите но гледаме дека таков документ постои наречете го нон пејпер наречете го роунд мап или патокас наречете го анекс наречете го како сакате наречете го но фактот е еден дека станува збор за документ во кои што се дефинирани нови услови кои што ние треба да ги прифатиме меѓу кои она што зачудува е да политичари и меѓувладини комисии дискутираат за бизниси замислете за железници за автопатишта, за телекомуникации, за банки и така натаму и дополнително се дискутира за македонскиот национален идентитет. Секој оној кој што денеска политичар ви вели и ви дава одговор дека не се дискутира лаже и манипулира со македонската јавност. Да на маса покрај бизнисот што е за мене несфатливо како политичар е и македонскиот идентитет. Ја повикувам владата ги повикувам и Зоран Заев и Бујар Османи и Никола Димитров да го покажат документот со 12 точки. Македонската јавност не ги гласаше и на оние наместени, украдени мафијашки избори на 15 јули за да тие си играат со иднината на граѓаните и со иднината на македонскиот идентитет. На ова држава и треба конструктивна власт и затоа ги повикувам на разум веднаш да излезат со документот и да го покажат, да се охрабрат на дебатата во Парламентот кој што ја организира пратеникот Милошоски и да се појават и да дискутираат пред пратениците и пред македонската јавност, додава Мицкоски.