Кузеска и СДСМ како и нивниот лидер Заев имаат проблем со кажувањето на вистината. Целата јавност јасно и гласно го слушна Красимир Каракачанов како кажува дека на маса е ставен Анекс со 12 точки во кои се бара ревидирање на историјата, промена на образовниот систем и идентитетските прашања. Овој Анекс власта на Заев веќе го преговара, што покажува дека Заев и СДСМ веќе тргуваат со историјата и идентитетот.

Дали Кузеска и СДСМ го демантираа Каракачанов и неговите тврдења? Одговорот е не. Напротив тие со манипулативни прес конференции и лаги ја замајуваат јавноста, а на големо се подготвуваат да ги прифатат барањата на официјална Софија .

Граѓаните гледаат дека СДСМ и Кузеска стануваат извор на лажни вести. Но лажните вести на СДСМ брзо се демантираат. Во нервозата да покријат една своја лага, се заплеткуваат во нова.

Народот и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволат пазарџијата Заев да тргува со македонските национални и државни интереси само за да се задржи на власт.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ