Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции се сретна со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир.
- На средбата информирав за составот на Националниот совет за евроинтеграции и надлежностите кои Советот ги има, инклузивниот карактер на телото кое обединува политичките и општествени чинители, како и за идејата Советот да гради и одржува консензус за членство во ЕУ, соопштува Николоски.
Тој додава дека на средбата се разговарало и за периодот кој што претстои и евроинтеграциите на Македонија како и активната агенда на Националниот совет за евроинтеграции.
Исто така на средбата го информирав амбасадорот Гир и за актуелните состојби во државата и актуелната политичка ситуација, соопшти Николоски.