Откако во јавноста излезе информација дека власта подготвува петти сет на мерки за помош на економијата со реакција на својот фејсбук профил излезе и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Подготвувале петти пакет мерки, помош за стопанството. Ниту една реченица консултација со пратеници од опозицијата, стопанството чека средба.

Нема реализација на капитални инвестиции, нема нови болници, нема компјутер за секој ученик, нема помош за земјоделците, но затоа има картички и ваучери.

Избори се ближат, па треба да поткупуваат и крадат. Толку знаат и можат. Да не биде после лелекање по амбасади дека опозицијата блокира, вели Мицкоски.