Патот до Европа почнува со работа, а Аеродром и Марин се далеку од тоа.

Општина Аеродром започна кампања "Патот до Европа почнува од Аеродром".

Веројатно овој слоган е се што општината Аеродром и градоначалникот Марин не се.

Аеродром со Марин е поблиску до Африка споредено со Европа затоа што:

- Од вкупниот износ за капитални инвестиции реализира само 5 проценти, а подобро од Аеродром стои едно Арачиново, Кратово, Шуто Оризари, Струга и Велес;

- Аеродром станува бетонска џунгла, за приватните џебови на моќниците на власт. Општината и Марин за 10 месеци од 2020 година добриле градба на 1155 станови, или над 63 илјади м2 стамбен простор;

- Марин троши пари за лампиони и светилки за Нова Година, а нема ставка за нови зелени површини;

- Општината троши половина милион евра за метларки од фирмата на екс вицепремиерот Анѓушев, а нема ниту денар за борба против аерозагадувањето;

Аеродром со Марин е поблиску до Африка. Да го вратиме Аеродром на граѓаните. #НашаЕИднината

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ