Новиот закон за лични карти и патни исправи, според последните изјави на премиерот Заев, нема да вклучува ознака за етничка припадност.

Неговото образложение е дека тоа е технички и ќе треба да се чека на „тендерот“ на нов оператор за биометриски документи!

Од кога правото за утврдување на етничка припадност треба да помине на „Тендер“?

Каде остана вашиот заеднички договор и ветување во изборната кампања на коалицијата „МОЖЕМЕ“ кон Албанците, или ова беше следната двојна измама од страна на СДСМ-БЕСА?

До кога секое право на Албанците ќе мора да поминува низ вашите тендери, за да имате финансиска корист?

Во врска со вашиот коалиционен партнер, Левизја Беса, ги прашуваме што е причината за нивниот понатамошен престој во Владата, кога единственото залагање и образложение за коалиција под чадорот „МОЖЕМЕ“, беше воведување на етничката припадност во личните документи.

Затоа, како Алијанса за Албанците, бараме одговорност и отчет за секој ваш неуспех и измама пред граѓаните.

Алијанса за Албанците