Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави вибер порака од Министерката за образование Мила Царовска во која има насоки за донација на Макпетрол на 1000 таблет компјутери.
- Лапнаа од државата 33 милиони евра, а донираат во селективно одбрани општини само 1000 таблет-компјутери. Брука!
Во првите сто дена Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го ревидира овој договор вреден 33 милиони евра. Одговорност мора да има!
#ИднинатаЕНаша #ЗаедноДаСеИзборимеЗаНеа, коментира Мицкоски.