Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски лично ги слушна искуствата и активностите кои три земји членки на Европската унија ги превземаат во однос на ковид кризата како и во однос на набавката на ковид вакцини и имунизација на граѓаните.

Од мини европската турнеја која ја имаа Мицкоски и Николоски, при нивната посета на Унгарија и средбите со премиерот Виктор Орбан и Министерот за надворешни работи Петер Сијарто беше констатирано дека за жал Македонија е меѓу земјите со најголем број на починати споредено со бројот на жители поради КОВИД 19 пандемијата.

- И тоа е доказ за неспособното и не до крај доволно посветеното работење на властите во надминувањето на предизвиците. На тој план клучна е размената на знаења и искуства со понапредните држави, како што е Унгарија и би бил багодарен доколку Унгарија помогне на тој план со било кој свој расположлив потенцијал, истана Мицкоски на средбата со премиерот Орбан.

При посетата пак на Словенија, Мицкоски и Николоски биле информирани од премиерот Јанез Јанша дека Словенија ќе набави 3.227.948 дози на вакцини за население кое по бројноста е речиси исто како и Македонија.

- Од друга страна пак, додека Словенија нарачува 3.227.948 дози на вакцини и до почетокот на летото околу 70% да биде вакцинирано, во Македонија главни вести се тоа што нема вакцини, освен оние кои се добиени како донација, што е премала количина за вистинските потреби. Но и нив, власта не е способна да ги обезбеди. На пациентка ѝ се извадени човечки органи, а сѐ уште не станува збор за одговорност на било кој., информираше Мицкоски по посетата на Словенија.

Од Хрватскиот премиер пак, Андреј Пленковиќ, Мицкоски и Николоски биле информирани за чекорите кои Хрватска ги превзема во борбата против корона вирусот при што било заклучено дека власта во Македонија не е ниту блиску до оваа европска земја во справувањето со последиците од пандемијата и грижата за здравјето на граѓаните.