Скандалозно е што МОН во текот на вчерашниот ден испраќаше соопштенија до јавноста во кој се цитирани мал дел од академиците и професори кои ги фалат квази реформите на Царовска. Со ова Царовска ги подели професорите и ги потцени медиумите и новинарите само за да го одбрани хаосот и политизацијата која ја прави во образованието.
Во текот на вчерашниот ден МОН испрати соопштенија и готови текстови до медиумите од изјавите на Таки Фити и Абдулменаф Бедзети како да се партиски војници на СДСМ само затоа што ги фалат квази реформите на Царовска. Со тоа таа ги злоупотреби академиците но и ја злоупотреби фелата.
Сето ова ревносно го пренесе како маил служба на владата државната МИА платена со парите на граѓаните.
Ова е најголем доказ дека Царовска направи катастрофа во образованието.
Прашањата кои се поставуваат:
Дали експертите кои ги бранат катастрофа реформите се на платен список на МОН и Царовска?
Зошто Царовска ги дели професорите, наместо да ги послуша советите од фелата?
Дали Царовска ќе се извини за ваквите поделби?