Откако премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите истакна дека тој не посочил ниту едно лице надвор од веќе обвинетите како виновен за случајот „Монструм“, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот фејсбук профил објави наслови од објавени статии каде се спомнуваат најмалку две имиња кои Заев некогаш ги довел во корелација со монструзното убиство кое се случи кај Смилковско езеро.

- Свесно го злоупотребил "МОНСТРУМ", ја злоупотребил болката на родителите на убиените момчиња кај Смилковско, намерно ја манипулирал јавноста за да шири меѓуверска омраза и гнев, смислено пласирал лажни вести за политички нарачатели на егзекуцијата. Накратко Зоран Заев е монструм!, коментира Милошоски.