Кадрите на Шекеринска и Пендаровски го уриваат кредибилитетот на НАТО, ширејќи лажни вести дека НАТО одлучува врз база на нечии информации или видувања, а не врз база на факти.
Самиот чин да се каже во јавноста дека одлуката на НАТО се темели на сугестии на трети лица го урива неговиот кредибилитет.
Јавно ја повикуваме Шекеринска, но и Пендаровски да се оградат од ставовите на Секуловски, во спротивно ќе сметаме дека нападите кон НАТО се дирегирани лично од нив.
Не може претставник на АРМ да имплицира дека врз одлуките на НАТО имаат влијание трети страни, а Шекеринска и Пендаровски да молчат.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги запознае сите меѓународни претставници во Македонија и странство, како се руши кредибилитетот на НАТО во Македонија
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ