Утринава Владимир Нелоски, претседател на Градскиот Комитет при ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во „Радио Лидер“ каде што говореше за неспособноста на Петре Шилегов и во каква состојба поради негова неработа се наоѓа Град Скопје.
„Петре Шилегов е мислам можда единствениот градоначалник во светот, а и граѓанин кој што успеа да го претрка снегот. Односно да најави дека ќе го исчистел без тој да падне. Но, шегата на страна, мислам дека тој пост кој што го имаше градоначалникот Шилегов и тој тендер за чистење на снегот е уште еден во низата на сомнителни и криминални тендери кои што за жал се случуваат во последниве три ипол години. Така да сметам дека еве во Скопје се уште непадна снег посериозно иако имавме вчера и денес нешто ситно и пред неколку недели нешто ситно, но немавме наноси на снег како што сме имале во минатото, а, сепак тој тендер кој што го дал Петре Шилегов пред година дена, медиумите кој што го обзнани е исплатен и парите се дадени, а снегот го нема“,рече Нелоски.
Нелоски додаде дека поради вакви сомнителни тендери мора да има одговорност од Шилегов. Нелоски посочи дека граѓаните на Град Скопје сите лаги на Шилегов ги помнат и ќе го казнат на претстојните локални избори кои се на прагот.
„Најпрвин кога говориме за конкретно овој проект за зелени покриви, јас сакам да се вратиме малку наназад каде што е почетокот на Петре Шилегов на СДСМ и Градот Скопје. Во 2017-та година Петре најавуваше дека најпрвин за ГТЦ дека таму ќе направи одреден парк кој што ќе биде илјадници метри квадратни. Но, одлучи од кровот на ГТЦ кој што има пет платформи да направи само на една мала површина некој си зелен кров. Понатаму, во својата програма Петре Шилегов и СДСМ ветија дека вакви зелени кровови ќе имаат можност граѓаните да бидат субвенционирани за да се постават на приватни згради, а не само на институции. И воедно Петре Шилегов вети во 2017-та година дека секоја институција која што е под Град Скопје и сите средни училишта исто така ќе добијат зелен покрив. Но, за жал како и за многу други работи, така и за оваа излажа и гледаме само едно минорно работење за поставување за колку да се каже на такви зелени покриви во обидот да се прикаже борба против загадувањето и борба за зелено Скопје“, истакна Нелоски.
Нелоски додаде дека борбата со загаден воздух нема да се реши со зелени покриви само. Тоа е само еден сегмент од многуте за справување со енормниот загаден воздух во Скопје.
„Град Скопје и СДСМ најавија во 2017-тата година дека Скопје ќе биде победник за конкурсот за зелена престолнина во Европа за 2021 година. Тоа го најавија во својата изборна програма, за денеска пред неколку дена градоначалникот на Град Скопје да изјави дека не успеале да победат, а не ни успеале да влезат во финалето“, рече Нелоски.
Нелоски посочи дека поради неспособноста на Шилегов и СДСМ, Скопје не успеа ниту во 2021 и 2022 година да биде зелена престолнина.
„Проектот за голф терени на еден начин ја покажува забеганоста на власта и на локално и на централно ниво. Тука исто така се покажува и изгубеноста во реалноста во која што живееме. Вие како градоначалник да ветите дека ќе правите голф терен во едно од населбите во Скопје во која што секоја година жителите пет месеци дишат пластика и е една од најзагадените во Скопје. Во населба чија инфраструктура е во многу незавидна состојба каде што делот од граѓаните немаат вода во канализација, вие да најавувате голф терен треба навистина да сте надвор од реалноста“, појасни Нелоски.
Нелоски рече дека преку голф терени СДСМ сака да направи уште еден криминален тендер на кој што ќе работат нивни блиски фирми.
„Нереализираните ветувања кои како за илустрација во програмата „За живот“ за Град Скопје во 2017-тата година ветени се 129 проекти. А, од тие 129 проекти реализирани или во фаза на реализација се само 20-тина. И вие кога имате таква состојба ќе го гледаме градоначалникот на Град Скопје како се поти и како кажува дека тој смета дека било грешно што граѓаните ги валоризирале градоначалниците или пак функционерите од тоа што било видливо“,истакна Нелоски.
Нелоски додаде дека СДСМ откако е на власт ништо не направи за граѓаните, единствено тие крадат и рушат се пред себе. Секојдневно граѓаните гледаат тотална бетонизација на Карпош, Ѓорче и Кисела Вода.
„Јас сум свесен дека на општините им се потребни комуналиите за да функционира, за работат, за да се развива општината. Но еве кажете ми што се разви општина Кисела Вода со сите ДУП-ови кои што ги потпиша Темелковски. Што е подобрено за животот на Ѓорчевци да речеме, или пак во Бутел, или пак во Аеродром“, запраша Нелоски.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ