Очигледно дека Заев и Спасовски не се способни да се справат со скандалот „Јавна соба“ кој ја тресе јавноста со месеци.
Додека секојдневно се јавуваат жртви на овој случај, Заев и Спасовски не нудат никаква заштита на жртвите.
Спасовски јавно потенцира дека не е способен да се справи со овој случај, а пак наспроти него Заев најавува дека ќе ја забрани апликацијата Tелеграм.
За разлика од Спасовски минатата година исто во јануари кога се појави случај со „Јавна соба“ за само еден ден беше расчистен бидејќи со МВР раководеше министерот Наќе Чулев и целото министерство го стави во функција на заштита на жртвите и затварање на групата.
Со ова уште еднаш власта докажа дека е неспособна да ги заштита граѓани, а најмалку малолетни лица да не бидат жртви на вакви злоупотреби.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ