Денес Извештајот на Транспаренси Интернешнл ја потврди неспособноста на СДСМ.
Денес Извештајот на Транспаренси Интернешнл објави дека Македонија се наоѓа на 111 место и има рекордно регистрирано ниво на корупција во историјата, а тоа е пад 45 места во време на владеењето на Зоран Заев.
Со извештајот на Транспаренси Интернешнл СДСМ се потврдени меѓународни криминалци.
Доколку се мереше неспособноста на СДСМ во Транспаренси Интернешнл ќе бевме прво место па десет места празни.
Подобро се живее и подобро се справуваат со корупцијата во Косово, во Албанија, во Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија и ред други држави. Белорусија е на 63-тото место.
Македонија со Зоран Заев на власт стана легло на мафија, криминал и корупција.
Единствено во Македонија се брани криминалот, а се казнува правдата.
Граѓаните на Република Македонија ќе го казнат Зоран Заев за овој катастрофален пад на Македонија во Извештајот на Транспаренси Интернешнл.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ