Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на својот твитер профил ја искоментира изјавата на вицепремиерот за корупција Љупчо Николовски.

„Генијално”! Како ли им текнува вакви глупости да тресат? Реално е не е само перцепција! Криминалци сте од прв до последен од најдолу до најгоре!, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Твитер, по изјавата на вицепремиерот Љупчо Николовски, дека не пораснала корупцијата, туку тоа е само перцепција на граѓаните.