Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на гостувањето на телевизија 24 во емисијата „24 Анализа“ се осврна на неспособноста на власта да ги решава проблемите и оти сето тоа Зоран заев се обиде да го покрие со гласањето за доверба на Владата. Според Стојаноски власта, односно Зоран Заев и Венко Филипче блефираат за клучното прашање за епидемијата со корона и вакцините.

„Блеф е од 22.12 да ветувате дека не оваа среда, наредниот петок ќе стигнат вакцини. Блеф е да кажете на 22.12 дека очекувате пратка на вакцини која ќе стигне во јануари од Бугарија, блеф е вие на 30.12 да изјавите дека вакцини ќе стигнат пред месец март, денес е 04 март, блеф е вие на 08. 01 вие да кажете дека стигна писмо од КОВАКС механизмот и дека е можно вакцини да стигнат пред февруари. Блеф е на 12.02 Заевда рече плаќаме за кинеска вакцина, а да се врати авансот. И на крај блеф е да губите човечки животи и вчера да кажете дека сте обезбедиле 2 миклиони и сто илјади вакцини и денес да излезете и лефтерно да кажете дека сте обезбедиле 2,5 милиони вакцини а вакините да ги нема. Земји како Барбадос, Конго да вакцинираат“, рече Стојаноски.

Стојаноски укажа дека она што се случуваше во текот на вчерашниот ден беше само обид да се дисциплинира мнозинството, и оти цел на ВМРО-ДПМНЕ е предвремени парламентарни избори.

„Прашање е дали на сите пратеници им било кажано вчера и објаснето дека не е само да се изгласа дневен ред, туку дека ќе дојде Заев и ќе побара мнозинство. Денес вели Заев среќен сум што добив доверба, но сепак ќе работам на тоа да се одблокира парламентот“, рече Стојаноски.

Стојаноски праша „зошто ако има доверба од 62 пратеници денес нема доволен број да се гласа во Собранието“.

Пратеникот се осврна и на задолжувањата кои ги прави власта.

„Четирите пакети требаше да внесат 1,2 милијарди евра кај стопанството и граѓаните, а влегоа само 350 милиони евра. Кога има недостататок на аргументи се шпекулира со Скопје 2014, а тука е и министерство на Груби на чие отворање беше и Заев. Во комисијата која јас ја викам за задолжување и финансирање има закони за заем од 21,5 милиони евра, друг за 25 милиони евра, трет за 50 милиони евра, четврти за 70 милиони евра, од таа евробврзница 500 милиони се за задолжување на минатата евробврзинца“, рече Стојаноски.