Пасошите кои ВМРО-ДПМНЕ ги објави се направени пред 2020 година, односно во 2019 година. Обидот Спасовски да го вмеша и Чулев во издавањето на пасоши и документи на мафијаши е очаен и смешен.

Во прилог ги испраќаме сите пасоши и документи објавени од ВМРО-ДПМНЕ. Нути еден не е од 2020 година!

Пак статива Оливер! Како и да вртиш сучиш - лажеш! Жив си фатен како си врзан со мафијата!

Фактот што се обидуваш да споделиш вина со друг, говори дека си до гуша во криминал и дека си целосно свесен за калта во која сам си се втурнал.

Уште една две пресконференции и сам ќе се откриеш. Нема да има потреба од истраги.


Администратор
09/04/2021 00:19