Во големата сала од ЦК во Кичево вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи концертот „Звуците на пролетта“, на кој првпат во овој град и на оваа сцена, ќе се претстави професионалниот хор „Про Арс“ со музичка поддршка на пијанистот Шкелзен Бафтијари и под диригентство на Агона Чупи.

– Вечерва во нашиот Центар за култура ќе имаме можност да присуствуваме на еден поинаков концерт кој ќе не поврзе со хорска музика. Ќе имаме можност да ги слушнеме делата од познатите светски композитори: Бенџамин Бридген, Александар Гретчанинов и Аугуст Содерман, а за прв пат ќе прозвучи и професионалниот хор„ Про Арс“. Концертот е организиран од страна на ЦК а финансиски е поддржан од Министерството за култура на Македонија како и Општина Кичево, рече Мазлам Османи, директор на Центарот за култура.

Тој потсети дека овој музички настан ќе се одржи според протоколите на Министерството за култура, издадени од комисијата за здравство, за зашита од Ковид 19, носењето на маска и физичкото растојание се задолжителни при влез во големата сала.