Во Битола денеска ќе биде отворен центар за јавни услуги „Една точка за услуги“.
Станува збор за проект на Министерството за информатичко општество и администрација чија цел е на едно место да се соединат услугите на државните институции и да се поедностави пристапот на граѓаните до овие услуги.
На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.