Во НБА лигата се одржа драфтот на кој правото прв да избира го имаше екипата на Детроит, а „пистонси“ се одлучија за кошаркарот на Универзитетот Оклахома, 19-годишниот Кејд Кунингам.

Првиот избор на драфтот имаше просек од 20.1 поени, 6.2 скокови, 3.5 асистенции и 1.6 украдени топки, а во 2019 година беше член на американската репрезентација до 19 година со која ја освои титулата светски првак.

– Ова е лудница. Зборовите не можат да ги опишат емоциите. Подготвен сум да покажам за што сум способен на следниот чекор“, изјави Кунингам по драфтот.

Втор беше драфтуван Џејлин Грин (Хјустон), а трет Еван Мобли (Кливленд).


Администратор
30/07/2021 23:48