Максимален број од 13.000 гледачи ќе биде дозволен за натпреварот од Суперкупот на УЕФА меѓу победникот во Лигата на шампиони, Челзи, и освојувачот на Лига Европа, Виљареал, соопшти попладнево Европската фудбалска асоцијација.

Дуелот меѓу победниците во двете најсилни европски клупски натпреварувања ќе се игра на 11 август, со почетокот од 21 часот, на стадионот „Виндзор“ во Белфаст.

Навивачите ќе можат да аплицираат за билети со 2. август, а влезот на стадионот ќе биде дозволе со негативен ПЦР или брз антигенски тест.

Во врска со странските навивачи, кои ќе сакаат да го следат Суперкупот од трибините на „Виндзор парк“, УЕФА наведе дека тие ќе мораат да се приджуваат на препораките на локалните власти за влез во земјата на странски државјани.


Администратор
30/07/2021 23:50