СВР-Битола информира дека по спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, биле преземени 44 мерки против возачи.
Според евеиденцијата, 29 возачи извршиле пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место, а мерки се преземени и против 15 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место.
На булеварот „1-ви Мај“ регистрирана е и сообраќајна незгода со материјални последици, а откриени се и 10 други прекршоци.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци, потврдија од СВР-Битола.