Припадници на СВР Велес синоќа во периодот од 20.00 до 24.00 часот (со ноќен радар), спроведоа засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, санкционирани се 21 возачи, од кои пет во Велес, два во Кавадарци и најмногу 14 во Неготино, информира портпаролот Верољуб Додевски.
Воедно најави дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта,потенцира Додевски.