Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо објави дека неговата мајка Вероника и најмладиот негов брат Алекс добиле грчко државјанство.

– Отсекогаш сме се чувствувале како Грци, но сега добивме официјална потврда и сме многу среќни поради тоа. Алекс и мајка ми сега се државјани на Грција, изјави Јанис. Родителите на двократниот МВП во НБА-лигата се имигранти од Нигерија. Самиот Јанис е роден во Атина. Во резиденцијата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се одржа специјална церемонија во чест на Вероника и Алекс.

Адетокумбо минатата сезона го предводеше Милвоки до шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот.


Администратор
17/09/2021 13:49