Испаничен од откривањето на нивните криминогени шеми при јавните набавки, Весковски денес, веројатно по налог на неговиот шеф Петре Шилегов според нашите информации, во овој момент уништува документација во претпријатието Водовод и канализација Скопје поврзани со овој скандал.

Фатени се сто наспроти нула, и јавно кажуваме дека поседуваме целосна документација за местењето на тендерот.

Весковски и Шилегов се фатени во криминал со проневера на над 18 милиони денари при реконструкцијата на улица Варшавска.

Нека уништува Дуле колку сака, но само подлабоко влегува во пајажината која самиот си ја сплете. Не може Дуле да уништи се, само да го спаси неговиот ментор Петре Шилегов.

Вчера јавно призна дека јавната набавка е направена после завршувањето на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Варшавска“. Весковски призна дека направил криминал и дека го прекршил членот 353 од Кривичниот законик.

Сите документи и докази наредните денови ќе бидат изнесени во јавност, за граѓаните да ги видат криминалните шеми на Шилегов и Весковски. Уништувањето на документи преставува ново кривично дело за кое ќе одговараат.


Администратор
20/09/2021 16:03