Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го сподели своето мислење за играта на напаѓачот Кристијано Роналдо.

– Не би бил изненаден ако Роналдо игра уште на 40 години. Начинот на кој се грижи за себе е неверојатен. Се разбира, ова е прашање за гените, но тој ги вложи сите капки енергија и напор да стане играч каков што е, го цитира Солскјер „Гол“.

Триесет и шестгодишниот Португалец се приклучи на Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Тој постигна четири гола на три натпревари за англискиот клуб, во тековната сезона.


Администратор
25/09/2021 15:40