Тотенхем вечерва го игра натпреварот од шестото премиерлигашко коло против Арсенал. По првото полувреме домаќините водат со 3:0.

Екипата на тренерот Нуно Еспирито Санто претходно прими по три гола против Кристал Палас (0:3) и Челзи (0:3).

Спарс примија најмалку три гола во три последователни натпревари во Премиер лигата за прв пат од септември 2003 година. На почетокот на сезоната 2003/04, Тотенхем загуби во Премиер лигата од Фулам (0:3), Челзи (2:4) и Саутемптон (1:3).


Администратор
27/09/2021 02:13