Утрово во 03:00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.П.(32) од Република Србија, затоа што околу 00:00 часот физички ја нападнал неговата 26-годишна партнерка од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.