СДСМ на последните парламентарни избори ги излажа граѓаните, бидејќи нивниот тогашен лидер Зоран Заев ја праќаше ДУИ во опозиција и велеше дека со нив нема да коалицира. Една од причините за нивниот исклучително низок рејтинг е и тоа што не го реализираа тоа свое ветување, кажа Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во неделното видео интервју за Радио слободна европа.

- После изборите една работа е сигурна, а тоа е дека Влада со ДУИ нема да има. Ова раководство на ДУИ за жал се криминализираше до максимален можен степен, скоро и да нема ден во којшто нема афера во којашто дел се претставници на ДУИ. Тоа е однесување коешто никој не може го толерира и однесување кое што треба да биде истражено од органите, а не да биде дел од владина работа, затоа што ние излегуваме со наша програма и таа програма не можете да ја спроведете со луѓе коишто одат сабајле на работа и размислуваат како да злоупотребат нешто или да направат криминал, заклучи Николоски.

Слично велеше и СДСМ, односно тогашниот лидер на партијата Зоран Заев пред изборите во 2016 па и тој коалицираше со ДУИ.