Гордана Јанкулоска е член на ВМРО-ДПМНЕ, била и генерален секретар, така што е секогаш добредојдена во партијата, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото интервју.
- Лично со Гордана Јанкуловска имам соработувано кога таа беше на позицијата генерален секретар а јас бев Претседател на Унијата на млади сили и имам исклучително високо мислење за неа. Жал ми е што имаше тежок период во животот благодарение на тоа што беше класична жртва на политички прогон, истакна Николоски.