СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(46) од с.Камењане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Пријавениот, во текот на ноември 2023 година телефонски упатил закани на лице од с.Камењане, тетовско, а на 11.11.2023 отишол во неговиот дом и ја оштетил влезната врата и се обидел да му изнуди пари.