СВР Тетово информира дека вчера околу 21 часот е лишен од слобода 49 годишен тетовец откако кај него дома е најдена дрога. Претресот е извршен со судска наредба.

-На 27.02.2024 во 21.00 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Х.И.(49) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети со остатоци од хероин, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Портпаролот информира дека 49 годишникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.