Во село Дамјан, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш утрото во 6 часот го лишиле од слобода 37 годишниот А.П. од село Дамјан. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Куманово поради бегство од установата.

А.П. бил осуден на казна затвор од осум години и два месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 10 месеци од казната, информираат од МВР.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.